Дома Фудбал Неделковски: На Вардар ќе му бидат потребни уште две години за целосно финансиски да се стабилизира

Неделковски: На Вардар ќе му бидат потребни уште две години за целосно финансиски да се стабилизира

По завршувањето на пролетниот дел од шампионатот во ПМФЛ, првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски, одржа средба со медиумите на која отворено зборуваше за состојбата во клубот, потенцирајќи дека борбата не се водела само на теренот, туку и зад сцената – пред сѐ на финансиски план.

Неделковски откри дека реалната финансиска слика била далеку потешка од она што му било претставено на самиот почеток.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кога дојдов, ми беше кажано дека долгот е околу 2,5 милиони евра, но уште тогаш имав сомнеж дека таа бројка не е точна. Денес е јасно дека обврските биле многу поголеми“, истакна директорот на „црвено-црните“.

Како една од најважните активности ја издвои деблокадата на сметката на клубот, која претходно беше блокирана од Управата за јавни приходи. Вардар обезбедил гаранција со недвижен имот во вредност четири пати поголема од долгот, со што било овозможено репрограмирање на обврските на 36 месечни рати, од кои досега се сервисирани 11. Во целост е подмирен и долгот кон ПУИГ од околу 200.000 евра, исплатен во 12 рати, додека блокадите од приватни доверители, во висина од приближно еден милион евра, се целосно расчистени.

Покрај тоа, клубот ги исплатил и обврските кон поранешни фудбалери и функционери, меѓу кои Горан Попов (250.000 евра), Брдаревски (150.000), Демир (100.000), Цветановски (90.000) и Панчев (70.000 евра), како и низа други договорни побарувања кои се сервисирале по договорен план.

Неделковски додаде дека досега се отпишани долгови во вредност од околу 420.000 евра, а како следна цел го најави обидот за регулирање и евентуално отпишување на обврските кон Сергеј Самсоненко, кои изнесуваат приближно 2,5 милиони евра, при што нагласи дека и за отпишаните долгови се плаќа данок.

„Кога ќе се сумира сѐ, јасно е дека Вардар бил во многу подлабока финансиска криза отколку што се мислеше. За клубот целосно да застане на здрави финансиски нозе ќе бидат потребни најмалку уште две години, бидејќи постојат судски пресуди и стари договори што мора да се испочитуваат“, заклучи Неделковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопругат на Рафиња бесна удри по ФИФА: Дали е тој кошаркар?!

Во Доха вчера се одржа церемонија за доделување на наградите на ФИФА за најдобрите во 2025…