Дома Фудбал „Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше натпреварот Милан – Црвена звезда (2:1) во шестото коло на Лигата на шампионите. Нему и на судиите во ВАР собата им се замерува што не интервенирале пред победоносниот гол на Милан три минути пред крајот. Снимките, имено, покажуваат дека претходно имало два фаула над играчите на Црвена звезда. Но, првиот пат Манзано, а вториот пат главниот судија и неговиот ВАР не сметаа дека Милан се служел со недозволени средства.

На српската државна телевизија „РТС“ бурно по тој повод негодуваше судискиот аналитичар Дејан Недиќ: “Не што судијата направи, туку што не направи? Безобразлук, срам, безобразие… Јас носев знак на ФИФА и ми е срам кој сѐ го носи знакот на ФИФА. Овој човек постојано прави инциденти.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Беше инцидентен кога при корнерот не досуди фаул врз играч на Црвена звезда и потоа, исто така, фаул врз играч на Црвена звезда непосредно пред голот на Милан. Два недосудени фаула… За што служи тогаш ВАР? Ова е јасна и очигледна грешка” изјави Недиќ видливо вознемирен и продолжи, не криејќи колку е лут.

“Ова е скандал. Лут сум како рис. Што да ви кажам? Судијата директно влијаеше на резултатот. Повторно Германец? Повторно еден од судиите е Германец и Шпанец. Јас не разбирам. За што служи тогаш ВАР? Јас бев убеден 117 отсто дека ова ќе биде поништено. Не сум навивач на Црвена звезда, не сум ниту Србин, ова е срамота.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…