Дома Фудбал Не штеди: Поранешниот фудбалер на Арсенал дава награда од 20.000 долари за пронаоѓање на неговото куче

Не штеди: Поранешниот фудбалер на Арсенал дава награда од 20.000 долари за пронаоѓање на неговото куче

Велшкиот фудбалер Арон Ремзи (34), кој сега игра за мексиканскиот клуб Пунас УНАМ, веќе две недели е во потрага по своето исчезнато куче и нуди значителна награда за негово пронаоѓање.

Ремзи преку социјалните мрежи повика на помош, објавувајќи награда од 20.000 долари ќе добие секој што ќе му помогне да го најде својот миленик.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Клубот му дозволи да ги пропушти последните четири натпревари за да се посвети целосно на потрагата.

Неговото куче бигл, наречено Хало, исчезна во регионот Сан Мигел де Аљенде, во сојузната држава Гванахуато, а го носеше и уред за ГПС кој прерано престана да работи.

Ремзи во јули 2025 потпиша едногодишен договор со Пумас, откако го напушти Кардиф Сити. Во својата кариера, исто така, играше за Арсенал, Нотингем Форест, Јувентус, Глазгов Ренџерс и Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Росонерите купуваат напаѓач на Партизан за 5.000.000 евра!

Фудбалскиот клуб Партизан во оваа полусезона промовираше голем број млади фудбалери. Во Ху…