Дома Фудбал Не се двоумеше ниту секунда: Легендарниот Форлан го избра подобриот од Иниеста и Модриќ

Не се двоумеше ниту секунда: Легендарниот Форлан го избра подобриот од Иниеста и Модриќ

Лука Модриќ и Андрес Иниеста се сметаат за најдобрите играчи на средината од полето во историјата, а до сега има многу дебати за тоа кој е подобар играч меѓу Шпанецот и Хрватот. Сигурно е дека и двајцата имаат свои предности и недостатоци, па конечниот избор дефинитивно е прашање на личен вкус.

Модриќ и Иниеста имаа многу битки на теренот и во репрезентативниот и во клубскиот фудбал, но меѓу нив секогаш имаше голем меѓусебен респект.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


И додека Хрватот уште игра на највисоко ниво, Иниеста последните години од кариерата ги помина на егзотични дестинации, а во декември 2024 година реши да ги обеси копачките на клинот.

Иако може да се расправа за играчките квалитети, она што оди во прилог на Модриќ е неговото “присуство на големата сцена” бидејќи капитенот на Ватрени веќе 12 години игра неверојатно за Реал.

Посебно признание му се дава за неговите импресивни партии додека повеќето од неговите врсници одамна се во пензија или далеку од врвниот фудбал.

Кој е подобар играч меѓу Иниеста и Модриќ имаше можност да избере и познатиот Диего Форлан, некогашниот “златокос” напаѓач кој своевремено ја освои и Златната копачка како најдобар стрелец на Стариот континент.

Форлан во разговор за Goal.com избра најдобар тим на Ла Лига на сите времиња, а една од опциите за средината на теренот беа Модриќ или Иниеста.

Познатиот уругвајски напаѓач не се двоумеше премногу и без многу размислување во својот тим го избра Иниеста. Погледнете го видеото овде.

Инаку, идеалниот тим на Форлан изгледа вака: Казијас, Марсело, Пиќе, Јеро, Дани Алвеш, Бускетс, Чави, Иниеста, Форлан, Меси, Гризмани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл на натпревар ќе патува 12 часа со автобус

Фудбалерите на Њукасл можеби ќе треба да патуваат 12 часа со автобус за утрешниот натпрева…