
Полскиот тенисер Хуберт Хуркач нема намера да го положи рекетот пред Новак Ѓоковиќ во нивното претстојно финале во Женева.
Тие двајцата ќе играат за титула во швајцарскиот град од 15 часот, а во случај на триумф на Ѓоковиќ, тоа би бил неговиот 100-ти трофеј во кариерата.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„Одлично се чувствувам, преполн сум со самодоверба, не сакам Ноле тука против мене да испише историја. Меѓутоа, тука сѐ ми оди како што треба, сервисот ме служи одлично”, изјави Хуркач.
Досега се имаат сретнато седум пати, и сите седум победи ги има Новак.
„Тоа што Новак го постигнал е навистина многу специјално. Неговата цела кариера е многу инспиративна. До сега имавме многу неизвесни натпревари, но тој секогаш победуваше. Ќе видиме како ќе биде сега”, заклучи Хуркач.
Фотографија: Grok AI