Дома Останати Тенис Не е веќе непобедлив: Алкараз му одржа лекција на Синер и триумфира во Рим

Не е веќе непобедлив: Алкараз му одржа лекција на Синер и триумфира во Рим

Карлос Алкараз сјајно го совлада Јаник Синер со 7:6 (7:5), 6:1 за да го освои трофејот на мастерсот во Рим. Шпанецот успеа да ја прекине серијата на Синер од 26 натпревари без пораз.

Од Алкараз и Синер се очекува да основаат нова голема ривалска приказна на тениската сцена, која веројатно ќе ја одбележи новата декада. Иако Синер води на АТП листата, Алкараз за сега има предност во меѓусебните дуели со резултат 7:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е седми мастерс на Алкараз во неговата кариера, втор оваа година по титулата во Монте Карло, и првпат го освои Рим, додека Синер и натаму останува на четири титули од оваа категорија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Амaтер го победи Синер во Мелбурн: Италијанскиот тенисер претрпе тешка непријатност (Видео)

На Австралија Опен е во тек единствен настан наречен „1 point slam“. Организаторите најави…