
Австралијанецот и по втората трка од сезоната е без бодови, но затоа собра дури четири казнени поени на својата суперлиценца.
Џек Дугн, возачот на Алпине, имаше нвикенд за заборав викенд во Кина, каде што заработи дури четири казнени поени.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Австралијанецот го заврши спринтот на 20-то место, додека во главната трка беше 13-ти, но наместо бодови, од Шангај замина со сериозен товар на својата суперлиценца.
Спринт во Кина: 10 секунди казна и 2 казнени поени
Првата казна Дуган ја доби поради сударот со возачот на Заубер Гарбиел Бортолето, со што го прекрши член 2 д) од четвртото поглавје на Прилог L на Меѓународниот спортски правилник на FIA.
Откако го анализираа инцидентот, судиската комисија му изрече казна од 10 секунди и два казнени поени, потврдувајќи дека се обидел да го претекне Бортолето од внатрешната страна на свиокот 14, но при тоа ги блокирал тркалата и се судрил со Заубер.
Во официјалното соопштение на судиската одлука стои:
“Дуган сугерираше дека имал контрола над претекнувањето, но присуството на два Хааса и линијата која тие ја зафатија го компромитираа неговиот маневар.
“Прво, како возач кој се обидува да претекне, одговорноста беше на него да го направи тоа на безбеден начин, во согласност со правилата и насоките.
“Второ, применувајќи ги Насоките за возачки стандарди, Дуган немаше право на свиокот на апексот и требаше да се откаже – овде, поради брзината со која се приближи до свиокот, ги блокираше тркалата, изгуби контрола и предизвика судар, за кој сноси поголемиот дел од вината.”
Главната трка: Нова казна, нови проблеми
Ништо подобро не помина ниту во недела, кога повторно беше казнет, овојпат поради истурнување на Изака Хаџар од Рејсинг Булс од патеката, со што го прекрши член 2 б) од четвртото поглавје на на Меѓународниот спортски правилник на FIA.
Повторно во свиокот 14, Дуган се обиде да ја врати позицијата откако Хаџар го претекна, но при тоа изгуби контрола и го истурна противникот надвор од патеката. Судиската одлука беше јасна:
“Болидот број 7 (Дуган) го претекна болидот број 6 (Хаџар) пред свиок 14 и во обид да ја врати позицијата од внатрешната страна, изгуби контрола, ги блокираше тркалата и го истурна Хаџар од патеката. Затоа изрековме казна од 10 секунди и доделивме 2 казнени поени, што е во согласност со насоките за истурнување на возач од патеката.”
По тешкиот викенд, Дуган ќе се обиде да ја промени ситуацијата во Јапонија, каде што за две недели почнува првиот тридневен тркачки викенд во сезоната.