Дома Останати Кошарка „НБА не сака Јокиќ да биде главно лице на лигата!“

„НБА не сака Јокиќ да биде главно лице на лигата!“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е троен МВП во НБА лигата и во моментот е втор во трката за најкорисен играч затоа што неговиот главен конкурент е Шеј Гилџес-Александер.

Јокиќ оваа сезона има просек од 29,9 поени со 10,1 асистенции и 13,1 скок, со 56% од игра, 81% од линијата за слободни фрлања, а за три поени шутира 47%.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


За време на подкастот „Ticket & The Truth“ (прекарот на Кевин Гарнет беше “Big Ticket”, а на Пол Пирс “The Truth”) Кевин Гарнет и Пол Пирс започнаа да зборуваат за Јокиќ и за тоа на кого ги потсетува. Гарнет вели дека НБА не сака Јокиќ да биде главното лице на лигата.

„Знам дека НБА лигата не сака Јокиќ да биде главното лице на лигата. Мислам дека сакаат Виктор Вембањама да биде лице на лигата. Џа Морант исто така, кај мене во крајот сите велат дека е тој. Гледам децата, сакаат да бидат Џа Морант, сакаат да бидат Ентони Едвардс…“, вели Гарнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама сака да игра за Франција на Евробаскетот

Виктор Вембањама го потврди учеството на следното Европско првенство. Така Евробаскетот ќе…