
ДЕНВЕР НАГЕТС се спасија од испаѓање во полуфиналето на Западната конференција и со домашна победа 119:107 против Оклахома Сити Тандер изедначија на 3:3 во серијата која се игра до четири победи. Денвер после два последователни пораза дојде на чекор до елиминација, но со оваа победа осигура мајсторка, седми натпревар, кој во недела ќе се игра во Оклахома.
Шестиот натпревар беше, како што пишуваат Американците, “лудница во Колорадо”. Гледавме натпревар полн со пресврти. Денвер имаше двоцифрена предност во првата четвртина, Оклахома во втората, додека домаќинот клучната предност ја стекна кон крајот на третата четвртина, благодарение на играчот од клупа, Жулиан Стротер. Тој постигна 15 поени за 19 минути во игра.
Импресивен дуел на ривалите за МВП титулата
Но во главните улоги беа ривалите за титулата МВП на најсилната лига Никола Јокиќ и Шеј Гилџис-Александер. Србинот и актуелниот освојувач на трофејот за најкорисен играч на НБА играше одлично ги заслужи повиците на навивачите: “МВП!” Постигна 29 поени (шут од игра 9/14) со 14 скокa, 8 асистенции и 2 украдени топки. Јокиќ во сите овие категории е најдобриот играч во плејофот.
Но Јокиќ овојпат не беше сам. Имаше тројца одлични помошници. Покрај споменатиот Стротер, особено важен беше Џамал Мареј. До почетокот на натпреварот не се знаеше дали ќе игра бидејќи беше болен, а потоа во таква состојба постигна 25 поени и имаше осум скока и седум асистенции. Кристијан Браун постигна 23 поени со 11 скокa и пет асистенции.