Дома Фудбал Најголемиот киксер меѓу голманите пред нов ангажман во кариерата

Најголемиот киксер меѓу голманите пред нов ангажман во кариерата

Германскиот голман, 31-годишниот Лорис Кариус, од јули минатата година е без клуб откако ги напушти редовите на англискиот Њукасл, а се чини дека почетокот на 2025 година за него е среќен.

Според пишувањата на германските медиуми, Кариус е многу блиску до потпишување договор со Шалке каде би имал улога на втор голман.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Поточно, во тимот од Гелзенкирхен бараат замена за Рон-Торбен Хофман, првиот голман на екипата.

Кариус треба да потпише договор на една и пол година, односно до летото 2026 година, а од потпишувањето го делат само лекарските прегледи.

По напуштањето на Њукасл, многу луѓе го заборавија овој голман, додека некои веројатно мислеа дека ја завршил кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Крај на една голема ера: Џејми Варди заминува од Лестер!

Искусниот англиски фудбалер Џејми Варди потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Л…