Дома Фудбал Навивавачите на Фенербахче збеснаа: Го обвинуваат Мурињо за големо предавство!

Навивавачите на Фенербахче збеснаа: Го обвинуваат Мурињо за големо предавство!

Објавата дека Жозе Мурињо е новиот тренер на Бенфика предизвика остри коментари во Турција, особено меѓу навивачите на Фенербахче, кои се крајно вознемирени.

Многумина се искрено изненадени, на социјалните мрежи се шират бројни шпекулации, а во воздухот се вртат различни теории. Имено, до неодамна Мурињо го водеше Фенербахче, кој беше елиминиран од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите, по што Мурињо беше отпуштен и доби големо обесштетување. Сето тоа силно одекна во Турција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според турските медиуми, навивачите на Фенер говорат за предавство, а некои дури се сомневаат дека Мурињо можеби го олеснил патот на Бенфика до Лигата на шампионите. Али Коч, претседателот на Фенербахче, е под голем притисок поради лошите резултати и беше присилен да се произнесе. Тој реагираше прилично иронично, бранејќи го интегритетот на познатиот португалски тренер, како и своето реноме.

„Мурињо е толку блескав човек што предвиде пораз на Бенфика од Карабах. Дури го пресметал и отказот на Бруно Лаге. И Марио Бранко беше таму, тие однапред направиле планови… Не, такво нешто нема“, изјави челникот на Фенербахче.

„Денеска видов дека Бенфика постигнала договор со Мурињо. Не знам дали е тоа вистина. Бранко е исто така таму, но сѐ уште не е на должноста. Ќе ја преземе функцијата спортски директор ако Руи Кошта биде повторно избран за претседател. Тоа ми го кажа Кошта. Ако е вистина дека Бенфика направила договор со Мурињо, животот може да биде чудна случајност. Од тоа би можеле да произлезат многу приказни“, изјави Коч за TRT Spor.

Инаку, Марио Бранко ја извршуваше функцијата спортски директор на Фенербахче од летото 2022 година до почетокот на јуни оваа година, а средината на јули 49-годишниот Португалец стана спортски директор на Бенфика. Мурињо дојде во Фенербахче летото 2024 година и остана до крајот на август оваа година. Значи, Бранко и Мурињо работеа заедно во Фенер една година, па кратко се разделија, а сега повторно ќе соработуваат во Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…