
Тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим смета дека потезите на новите сопственици на клубот од Олд Трафорд очигледно водат кон успех, и покрај скептичните реакции на јавноста.
„Инеос“ кој го предводи Сер Џим Ретклиф стана сопственик на дел од Јунајтед претходната година и оттогаш прави напори за да ги намали финансиските трошоци на клубот.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
„Гледам јасен пат до успехот, поплочен со одлуките кои ги носат сопствениците. Воведуваат тешки промени кои не се најдобро прифатени. Сепак, тие постојат бидејќи постои визија, тоа е на сите јасно“, изјави Аморим и додаде:
„Во иднина ќе треба да ја поткрепиме визијата и со резултати – бидејќи промените кои не носат подобрување нема да ги направат луѓето среќни. Добро е што постои јасен пат. Ќе биде напорно, но се што правиме е за да го вратиме Јунајтед на врвот“.