
Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни турбуленции, а по најновиот шокантен пораз во Купот на кралот од второлигашот Албасете (3:2), навивачите на „кралскиот клуб“ сè повеќе губат доверба во актуелниот пат на клубот. Промената на тренерската позиција – Алваро Арбелоа го наследи Чаби Алонсо – засега не носи резултати, а последиците се забележуваат.
По елиминацијата од Купот, атмосферата во Мадрид е напната, а клубот најави невообичаени мерки. Се планира прегледување на камерските снимки на Сантјаго Бернабеу по секој домашен натпревар, и навивачите кои ќе бидат фатени како свиркаат на играчите или тренерскиот персонал можат да бидат санкционирани со забрана за посетување на домашни натпревари за одреден период.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Од клубот потенцираат дека овие мерки не се обид за задушување на незадоволството, туку напор за спречување на лошата атмосфера која веруваат дека е контрапродуктивна во овие тешки периоди.
„Играчите имаат потреба од максимална поддршка и веруваме дека клубот наскоро ќе ја надмине кризата. Кој сака да свири или да навредува – може да го прави тоа, но не на стадионот“, е пренесено од круговите блиски до клубот.
Овој потег предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи: „Дали се шегувате?“, „Дали сте нормални?“, „Само губете, ние ќе аплаудираме“ и „Кога мислиш дека не може полошо“, се само некои од коментарите на шокираните навивачи.