Дома Фудбал Навивачите на Манчестер Сити сакаат да избркаат ѕвезда од клубот: Пеп, време е да го продадеш

Навивачите на Манчестер Сити сакаат да избркаат ѕвезда од клубот: Пеп, време е да го продадеш

Манчестер Сити вчера неочекувано беше елиминиран во осминафиналето на Светскиот клупски шампионат откако беше поразен од Ал Хилал со 4:3 по продолженијата. Тимот на Пеп Гвардиола се најде под критика, а навивачите на Сити сметаат дека е време големата ѕвезда да го напушти „Етихад“.

Пеп Гвардиола по натпреварот изјави дека е задоволен од тоа што Сити го покажа на ова натпреварување и дека на тимот му се враќа самодовербата која беше изгубена по ужасната мината сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако шпанскиот тренер го пофали целиот тим, навивачите на Манчестер Сити одлучија силно да ја критикуваат големата ѕвезда на оваа екипа поради ужасниот настап на вчерашниот натпревар и дури порачаа дека е време тој да го напушти „Етихад“.

Станува збор за бразилскиот голман Едерсон, кој вчера едноставно немаше своја вечер. Ал Хилал постигна три гола од три удари во рамките на голот по 105 минути игра, а првата одбрана бразилецот ја имаше дури во второто продолжение.

Тоа предизвика големо незадоволство кај навивачите на Сити кои го изгубија трпението со Едерсон и сметаат дека е време Гвардиола да најде нов голман.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)

Претседателот на Ал-Хилал, Фахад бин Нафел, не можеше да ги прикрие емоциите и беше снимен…