
Ливерпул под водство на тренерот Арне Слот (46) ја освои Премиер лигата. Холанѓанецот ја презеде екипата минатата година по заминувањето на Јирген Клоп (57), и навивачите се прашуваа дали ќе може соодветно да го замени легендарниот Германец, кој девет години беше на клупата и освои осум трофеи.
Слот до титулата дојде четири кола пред крајот со победа над Тотенхем 5:1 на стадионот Енфилд. Иако веќе го водеше тимот во 52 натпревари (38 победи, 7 нерешено, 7 порази) и следачите на фудбалот имаа прилика добро да го запознаат, дел од навивачите на Ливерпул на социјалните мрежи се изненадени од вистинското име на Слот кое гласи Аренд Мартин Слот.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Аренд, што на холандски значи орел, ретко се користи во неговата родна земја, а прекарот Арне го наследил од татко му со исто име.
Навивачите на социјалните мрежи пишуваат: “Не знам дали некогаш ќе го прифатам ова”, “Она чувство кога ќе откриеш дека вистинското име на тренерот всушност не е Арне”, “Морам да седнам откако го дознав ова”, “Ова е како кога дознав дека Жозеп е вистинското име на Пепе Рейна”, “Невозможно е дека дури сега дознав”.
Фото: Liverpool F.C/X
.