Дома Фудбал Навивачите на Арсенал бесни на раководството – бараат итна продажба на една од ѕвездите

Навивачите на Арсенал бесни на раководството – бараат итна продажба на една од ѕвездите

Арсенал синоќа пристигна во Париз со гол заостанување од првиот натпревар одигран во Лондон, но и минатата ноќ претрпе пораз.

Арсенал доминираше во првото полувреме, особено на самиот почеток, но домашниот тим со водство го заврши одморот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во 27. минута Фабиан Руиз постигна прекрасен гол за водство на неговата екипа.

Во второто полувреме ПСЖ промаши пенал и многумина мислеа дека тоа ќе биде моментот што ќе донесе пресврт во корист на Арсенал. Тоа не се случи, а Пари Сен-Жермен во 72. минута дојде до вториот гол. Стрелец на голот беше Ашраф Хакими.

На Арсенал надеж му врати Букајо Сака со гол во 76. минута, а само две минути подоцна можеше да го изедначи резултатот на 2:2, но промаши празен гол.

Сепак, навивачите на Арсенал се лути на друг играч, кој е еден од виновниците за вториот гол на ПСЖ и одигра многу лош натпревар.

Станува збор за Парти кој ужасно реагираше кај тој втор гол на тимот од Франција.

Навивачите на Арсенал не сакаат повеќе да молчат и испратија јасни пораки до раководството на тимот за кој навиваат.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оливие Жиру се враќа во Франција

Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно…