
Кристијано Роналдо е убедливо најголемата ѕвезда на Ал Наср и воопшто на фудбалот во Саудиска Арабија, но и тој се најде на мета на критики.
Ал Наср синоќа одигра натпревар од 25-то коло на Саудиската Про Лига против Ал Холуд и славеше со резултат 3:1.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Стрелци на головите беа тројцата ѕвезди на овој клуб – Кристијано Роналдо, Садио Мане и Џон Дуран, а Али Лајами постигна авто-гол за конечниот резултат на овој натпревар.
Сепак, стрелецот на првиот гол на овој натпревар и прво име на клубот – Кристијано Роналдо се најде на мета на критики од навивачите.
Имено, посетата синоќа на стадионот на Ал Наср во Ријад беше само мизерни 12.492 гледачи.
Навивачите на овој клуб се разочарани од бројот, а главниот виновник го гледаат во легендарниот португалски напаѓач.
“Никој веќе не доаѓа на нашите натпревари”, “Имаме помалку гледачи од минатата сезона”, стои во објава на еден фан профил на Ал Наср.
“Петиција за поништување на договорот на Роналдо”, “За ова ли го плаќаме 200 милиони евра по сезона?”, “На луѓето им е доста од пенали” се само некои од коментарите.
Покрај лошата посета, од Ал Наср се разочарани и од моменталната позиција на табелата, како и од недостигот на трофеи од доаѓањето на Португалецот.
Кога Роналдо потпиша договор вреден 200 милиони евра по сезона, очекуваа многу повеќе успеси за својот клуб.
Покрај Кристијано, во екипата се и големи играчи како Садио Мане, Ајмерик Лапорт, Марсело Брозовиќ и Џон Дуран.
Не треба да чуди што навивачите очекуваат повеќе од оваа екипа која моментално зазема 3-то место на табелата и е во заостанување од дури десет бодови од водечкиот Ал Иттихад.
Шансите на Ал Наср за освојување на лигата оваа сезона се навистина минимални, бидејќи двете екипи над нив изгледаат многу подобро на теренот.
И првопласираниот Ал Иттихад и второпласираниот Ал Хилал се во подобра форма, и нив и букмејкерите им даваат многу поголеми шанси за трофеј отколку на Ал Наср.