Дома Фудбал Навивачите на Ал Наср го нападнаа Роналдо и го понижија како никој досега во кариерата

Навивачите на Ал Наср го нападнаа Роналдо и го понижија како никој досега во кариерата

Новата сезона без трофеи не им се допадна на навивачите на Ал Наср, кои главниот виновник го пронајдоа во Кристијано Роналдо.

Навивачите од тимот од Саудиска Арабија му свртеа грб на својата најголема ѕвезда, поради фактот што повторно не освоија ништо.


Роналдо во зимата 2023 година пристигна во тимот кој девет пати бил шампион на Саудиска Арабија, по неговото заминување од Манчестер Јунајтед.

По неговото доаѓање, многу големи ѕвезди одлучија да ја продолжат својата кариера токму во Саудиска Арабија следното лето.

Навивачите така добија можност да ги гледаат големите ѕвезди, а сите очекуваа дека токму Ал Наср ќе биде најсилниот тим затоа што таму игра Роналдо.

Откако Роналдо дојде во Ал Наср, овој тим не успеа да освои ниту еден трофеј и се далеку од борбата за титула во домашното првенство во последните две сезони.

Не траеја долго ниту во азиската Лига на Шампиони, па навивачите се незадоволни поради сето она што се случува и не им е доволно само тоа што имаат поранешна ѕвезда на Реал Мадрид во својот тим.

Навивачите на Ал Наср се лути на Роналдо и веќе не сакаат да го кријат тоа.

„Не те сакаме веќе во тимот, не доаѓај на следниот натпревар.”

„Оди те молам, Ал Наср повеќе не те сака.”

„Многу направи во своето минато и го знаеме тоа. Имаш историја, да, го знаеме тоа, но ништо не направи за нас. Напушти го клубот и врати се во Португалија.”

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teнзии во врвот: Инфатино доцнел два часа – Чеферин се налутил и си заминал!

Неколку европски фудбалски лидери, вклучувајќи го и претседателот на УЕФА, Александер Чефе…