
Ливерпул ќе биде активен во јануари, а како што стојат работите, ќе се случи трансфер кој на навивачите на „црвените“ нема да им се допадне.
Едно или две засилувања би можеле челниците на Ливерпул да доведат овој месец, а интересот на Манчестер Сити за Марко Гуеи може да предизвика „војна од понуди”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, главната работа во врска со Ливерпул и јануарскиот трансфер-период ќе биде да се ослободат од некои фудбалери.
Така се бараат можности за позајмување на играчи како Рис Вилиамс, а се разгледува и прашањето што да се прави со Харви Елиот.
Според информации од Италија, голем миленик на навивачите е тој што треба овој јануари да го напушти Ливерпул, а стане збор, се разбира, за Федерико Киеза.
Голем број италијански медиуми тврдат дека Киеза „се загреа” за идејата за враќање во Серија А, само 18 месеци откако го напушти Јувентус.
Киеза речиси нема прилика да игра под водство на Арне Слот, и тоа е нешто што тешко ќе се промени.
Бидејќи Светското првенство се приближува, Киеза сака да биде дел од италијанската репрезентација, а тоа не може да го постигне само седејќи на клупа.
„Јувентус воспостави формален контакт за да покаже интерес за Киеза за можниот повраток овој јануари”, изјавува Фабрицио Романо.