Во последниот саботен натпревар од 15. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:2 на „Олд Трафорд“. Најслабата оценка на натпреварот (5.1) „Sofascore “му ја даде на голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана. Камерунскиот голман требаше да реагира подобро при вториот примлен гол и можеше да биде подобар при третиот, но посебно се истакнува тоа што го направи во судиското продолжение кога неговиот тим имаше потреба од секоја секунда.
Наместо да ја искористи секоја преостаната секунда за изведување на слободниот удар и така да ја внесе својата екипа во шанса, Онана успеа да потроши околу 30 секунди во обид да „украде“ неколку метри додека судијата го враќаше на местото од кое тој слободен удар мора да се изведе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Комбинацијата на примениот гол и циркусот на крајот од натпреварот ги натера навивачите да го наречат „кловн“, побараа да го напушти клубот, се прашаа „дали Онана е алергичен на топка?“, и заклучија дека „веројатно беше задоволен со резултатот“ и дека „едноставно е глупав“.
.United pushing for a last minute equalizer…
— Football Hub (@FootbalIhub) December 8, 2024
Onana: Hold my 🍺 pic.twitter.com/FP0aJpYmWr