Дома Фудбал Навивач на Реал Мадрид почина за време на Ел Класико

Навивач на Реал Мадрид почина за време на Ел Класико

Навивач на Реал Мадрид почина за време на дербито од Ла Лига против Барселона, известува весникот “Спорт”. Станува збор за израелски фан, кој се онесвестил веднаш откако напаѓачот на домаќините Килијан Мбапе промаши пенал во 52-та минута.

Според изданието, луѓето кои се наоѓале наблизу и голманот на Реал Тибо Куртоа сигнализирале на судијата да го прекине натпреварот, но тоа не се случило.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Приврзаниот добил прва помош од медицинскиот персонал на стадионот и потоа бил однесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Како што е познато, Ел Класико се одржа на 26 октомври и заврши со победа од 2:1 за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола пронајде нова „машина“ за средниот ред – ќе се обиде да го ангажира со сите сили следното лето

Карлос Балеба, младиот играч за врска на Брајтон, се најде на радарот на Пеп Гвардиола и М…