Дома Фудбал Наскоро и официјално: Рим добива свој Ибрахимовиќ!

Наскоро и официјално: Рим добива свој Ибрахимовиќ!

Лацио доби ново засилување за продолжение на сезоната.

Станува збор за Аријон Ибрахимовиќ, младиот офанзивен фудбалер на Баерн кој доаѓа на позајмица.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Овој млад германски фудбалер не играше официјални натпревари за Баерн оваа сезона, доби шанса само на пријателски мечеви, а во Лацио би требало да добие простор за игра.

Младиот Ибрахимовиќ ќе биде на позајмица до крајот на сезоната, Лацио ќе ја покрие целата негова плата, а на крајот на сезоната ќе одлучат дали ќе го откупат од Бајерн.

Цената ќе биде помеѓу 8 и 10 милиони евра, а доколку одлучат да го задржат во Рим, Ибрахимовиќ ќе потпише договор на три години.

Наскоро ќе биде и официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изгледа е готово: Вчера можеби заврши дебатата околу „Златната топка“!

Доколку поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство внесол сомнеж кај неко…