Дома Фудбал Наредната сезона ќе гледаме моќен Баерн: Подготвени се две спектакуларни засилувања!

Наредната сезона ќе гледаме моќен Баерн: Подготвени се две спектакуларни засилувања!

Иако Бајерн во претходните години беше во сенка на европските гиганти кога станува збор за трансфери, сега во Минхен одлучија да ја покажат својата сила бидејќи речиси сигурно ќе добијат две огромни засилувања ова лето.

Баерн секогаш играл сериозна улога кога се работи за трансфери, но во претходните години некако останаа во сенка на Реал Мадрид и англиските клубови кои безмилосно трошат на засилувања.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Вистина е дека германскиот клуб и покрај тоа доведе неколку звучни засилувања, но изгледа дека Баварците решиле ова лето да ја покажат својата вистинска сила.

Германските медиуми пишуваат дека Баерн во претходните месеци водел голема битка околу двајца играчи и дека успеал во двата случаи да излезе победник.

Се работи за играчите на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц и Џонатан Тах, кои се на мета на многу европски клубови, но според се, двајцата германски репрезентативци ја продолжуваат кариерата во дресот на клубот од Минхен.

Угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг објави дека Баерн направил исклучителен напредок во преговорите со Вирц и Тах и дека овој двоец речиси сигурно ќе дојде во нивниот тим.

Кога е Тах во прашање, ситуацијата е скоро решена бидејќи нему му истекува договорот и веќе потврди дека го напушта Леверкузен, а иако многумина веруваа дека ќе оди во Барселона или Реал Мадрид, тој на крајот го избрал Баерн.

Преговорите со Тах се во финална фаза и како што наведува Плетенберг останува само играчот да даде зелено светло за потпишување на договорот на три сезони со можност за продолжување на соработката уште една година.

Кога е Вирц во прашање, и тоа оди според планот. Овој 22-годишник прифатил услови кои ги нуди Бајерн, а иако многумина веќе го видоа во дресот на Реал Мадрид, тој одлучи да остане во Германија бидејќи смета дека уште не е време за одлив во странство.

Вирц го избрал Баерн и чека клубовите да се договорат околу неговиот трансфер. Истиот ќе изнесува сигурно над 100 милиони евра, а тој дури дал до знаење дека е подготвен да чека и летото 2026 година за да дојде во Бајерн ако тоа е потребно.

Сепак, се смета дека трансферот на Вирц ќе биде завршен ова лето бидејќи преговорите со Леверкузен добро напредуваат.

Исто така, Баерн го искористил и фактот дека Вирц и Тах се добри пријатели и дека ќе бидат среќни што ќе продолжат да играат заедно.

Фото: Bayern Munich/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул и Арсенал се во најдобра позиција за Хаусен

Ливерпул и Арсенал се клубовите кои во моментов изгледаат како големи фаворити за привлеку…