Дома Останати Ракомет Напред девојки: Македонија денес стартува ново Европско првенство!

Напред девојки: Македонија денес стартува ново Европско првенство!

Македонската женска ракометна репрезентација денеска го започнува Европското првенство кое ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ова европско првенство ќе биде прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, а тие ќе се натпреваруваат во шест групи. Натпреварите ќе се играат во Дебрецен, Базел и Инсбрук, титулата ја брани Норвешка која ги освои последните две првенства.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Македонија ова ќе биде седмо учество и го обезбедивме со второто место во групата со Шпанија, Литванија и Азербејџан. Треба да се спомене дека по подолго време успеавме да се натпреваруваме на две европски првенства по ред.

Турнирот го започнуваме против Шведска и тоа денеска од 20:30 часот. Во наредните денови не чекаат натпревари со Турција на 30-ти исто така во 20:30 часот и на 2 декември кога ќе се соочиме со домаќинот Унгарија од 18:00.

Во вчерашните изјави пред првенството македонскиот селектор Кристијан Грчевски, но и нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска порачаа дека Македонија најмногу шанси за победа во групата гледа во дуелот со Турција од второто коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Калид повеќе не е ракометар на Пелистер!

Македонскиот шампион Пелистер и Мохамед Калид Валид спогодбено ја прекинаа соработката пре…