Дома Фудбал Напаѓачот на Ливерпул, сепак, не добил казна поради црвениот картон

Напаѓачот на Ливерпул, сепак, не добил казна поради црвениот картон

Иако англиските медиуми пишуваа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Хуго Екитике со одземање на двонеделната плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон кој го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа. Да потсетиме, Екитике беше исклучен добивајќи втор жолт картон затоа што го соблече дресот по постигнатот гол, заборавајќи дека веќе беше опоменат.

„Не доби казна. Тоа што го направи не беше баш паметно, но тој веднаш го препозна тоа и се извини на соиграчите. Млад е, а играчите од сите возрасти прават грешки. Сите ние правиме грешки и во овој клуб ви е дозволено да направите грешка без веднаш да добиете казна”, рече тренерот на Ливерпул Слот и продолжи:

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Тој е одлично човечко суштество и мислам дека секој член на стручниот штаб би го вброил меѓу трите најтопли и најљубезни лица со кои работат. А дури и да не е така, му е дозволено да згреши.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал не најде начин да се ослободи од еден од најголемите проблеми – има преголема плата, а е „вишок“!

Во Реал Мадрид сметаат дека платата од 25 милиони евра бруто, што ја прима Давид Алаба (33…