Дома Фудбал Napаѓачот на Форест се наоѓа во кома по итна операција

Napаѓачот на Форест се наоѓа во кома по итна операција

Напаѓачот на Нотингем Форест, Авоњи се наоѓа во индуцирана кома и прима интензивна медицинска нега по итна операција поради тешка повреда на абдоменот, објавија синоќа британските медиуми.

Авоњи доби потенцијално животно загрозувачка повреда за време на натпреварот против Лестер Сити во неделата, кога се обиде да даде гол и силно се удри во стативата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако по неколку минути помош на теренот се обиде да ја продолжи играта, наскоро стана јасно дека не може нормално да трча, а Форест поради исцрпени замени го заврши натпреварот со играч помалку.

Вистинскиот обем на повредата беше откриен ден подоцна, кога Авоњи беше итно префрлен во болница и подложен на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не одигра ниту минута на последните пет натпревари, а Јувентус за него ќе плати 40 милиони евра

Јувентус ќе ја активира обврската за купување на напаѓачот Луј Опенда (26), иако во послед…