
Рома е заинтересирана за холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзе да дојде во нејзиниот тим.
Според италијанските медиуми, Волкот сака да го потпише 24-годишниот напаѓач оваа зима. Англичаните наводно се подготвени да го испратат Зиркзе во Рим во јануари, но под услов договорот да содржи откупна клаузула во износ од 25 милиони евра, како што се шпекулира.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Холанѓанецот веќе играл во Италија, од 2022 до 2024 за Болоња, а 2021 за Парма. Прејде од Болоња на Олд Трафорд за 40 милиони евра, но не се снајде добро на „Островот“.
Оваа сезона започна само три натпревари во Премиер лигата. Вкупно одигра 345 минути и постигна еден гол.