Дома Фудбал „Бомба“ од Островот: Гвардиола може да го напушти Манчестер сити, познат и првиот фаворит да го наследи!

„Бомба“ од Островот: Гвардиола може да го напушти Манчестер сити, познат и првиот фаворит да го наследи!

Најугледниот британски фудбалски инсајдер и новинар Дејвид Орнштајн наведува дека расте загриженоста дека ова е последната сезона на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити.

Гвардиола го презеде Манчестер Сити во 2016 година и за време на своето владеење ги оствари најголемите успеси во историјата на клубот. Тимот го однесе на европскиот и светскиот врв за првпат во историјата, освои шест титули шампион на Англија и вкупно 19 официјални трофеи со клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, се чини дека неговото заминување од „Етихад“ се приближува. Орнштајн од „Атлетик“ тврди дека загриженоста расте и дека сè се поголеми шансите ова да биде неговата последна сезона во Манчестер Сити.

„Сè се поголеми шансите ова да биде последната сезона на Гвардиола во Манчестер Сити. Конечната одлука ќе биде донесена наскоро, според добро информирани извори од клубот“, наведува Орнштајн денес.

Во исто време, познато е и кого Манчестер Сити би се обидел да го доведе доколку Гвардиола одлучи да го напушти клубот. Прв фаворит за негов наследник, пренесува Орнштајн, е тренерот на Челси, Енцо Мареска, кој негува иста фудбалска филозофија како Гвардиола.

Мареска веќе работел во Манчестер Сити како помошник на Гвардиола и многу добро ги познава и соблекувалната и методите на работа на Гвардиола, а бидејќи е значително помлад, би бил решение на подолг рок.

Сепак, конечната одлука ќе ја донесе Гвардиола, кој, доколку сака да остане на „Етихад“, ќе биде „доживотен“ тренер благодарение на сè што направи за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрагедија во семејството на хрватскиот репрезентативец: Почина неговиот татко

Тажни вести пристигнуваат од Италија. Аталанта преку своите официјални профили потврди дек…