Дома Фудбал Најстрашниот напаѓач доаѓа во Лондон: Арсенал го купи Ѓокереш – познати се деталите!

Најстрашниот напаѓач доаѓа во Лондон: Арсенал го купи Ѓокереш – познати се деталите!

Англискиот премиерлигаш Арсенал постигна целосен договор за ангажман на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш, кој доаѓа од португалскиот клуб Спортинг Лисабон. Ова претставува значително засилување за тимот на Микел Артета пред почетокот на новата сезона.

Според информациите, трансферот е вреден 63,5 милиони евра како фиксна сума, со дополнителни 10 милиони евра во форма на бонуси, зависно од учинокот на играчот. Претходно, Арсенал веќе постигнал договор со 26-годишниот напаѓач за петгодишен договор, а финалните детали биле усогласени и со агентите на фудбалерот, кои дури ја намалиле својата провизија за трансакцијата да биде реализирана.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ѓокереш блескаше во дресот на Спортинг, каде што во минатата сезона постигна 43 гола во сите натпреварувања и стана еден од најбараните напаѓачи во Европа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво гол ретко се гледа: Фудбалер во БиХ погоди од 40 метри! (Видео)

Фудбалерите на Батон извојуваа победа минатиот викенд во Добој кај Какњ над тимот на Младо…