Дома Фудбал Најскапото засилување во историјата на Аталанта заминува во Турција

Најскапото засилување во историјата на Аталанта заминува во Турција

Напаѓачот Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе ја доигра сезоната на позајмица во редовите на турскиот гигант Бешикташ, со опција за откуп на договорот, потврди италијанскиот клуб.

Туре пред две години пристигна од Алмерија за сума над 30 милиони евра, што го направи најскапото засилување во историјата на клубот од Бергамо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, неговата авантура во Италија не се одвиваше според очекувањата. Веднаш по доаѓањето претрпе сериозна повреда на тетивата на коленото, што го одржа надвор од теренот до февруари. Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Истанбул.

За Аталанта одигра 17 натпревари и постигна три гола, додека истата статистика ја имаше и во Штутгарт (17 настапи, три голови).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Островот најавуваат контроверзен трансфер: Челси може да ја украде младата ѕвезда на Арсенал!

Челси има намера да направи потег кој може да предизвика големо незадоволство помеѓу фанов…