Дома Фудбал Најскапиот голман на сите времиња преминува во нов клуб

Најскапиот голман на сите времиња преминува во нов клуб

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага (30) ќе ја продолжи својата кариера во Арсенал, како што известија британските медиуми.

Тимот од Лондон беше во потрага по резервен голман и нивен прв избор беше Жоан Гарсија (24) од Еспањол, но таа опција отпадна заради интересот од страна на Барселона. По ова, Арсенал се фокусираше на Аризабалага, на кој договорот со Челзи истекува за година дена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Откупната клаузула за него изнесува шест милиони евра, а Аризабалага треба да го облече дресот на Арсенал. Во Челзи пристигна во летото 2018 година од Атлетик Билбао за трансфер од неверојатни 80 милиони евра, што го направи најскапиот голман во историјата на фудбалот.

Сепак, последните две сезони ги помина на позајмици, прво во Реал Мадрид, а потоа и во Борнмут, каде што беше стандардна прва опција. Сега во Арсенал се очекува да биде резерва за Давид Раја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…