
Бразилецот Филипе Кутињо конечно потпиша постојан договор со Васко да Гама.
Кутињо играше минатата сезона за клубот од Рио де Жанеиро како позајмен играч од Астон Вила, но сега Васко да Гама го откупи неговиот договор од англискиот премиерлигаш.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Договорот со 33-годишниот Бразилец е потпишан до летото 2026 година.
Кутињо кога ја напушташе Ливерпул во 2018 година, се пресели во Барселона за 145 милиони евра, што до денес останува најголемиот трансфер во историјата на англиски клуб.
Меѓутоа, во Шпанија не може да ги повтори игрите кои ги имаше во дресот на Ливерпул, па Барселона во текот на четиригодишниот договор двапати го испраќаше на позајмици во Баерн и Астон Вила.
Клубот од Бирмингем го откупи неговиот договор во 2022 година, но потоа се разочара. Некое време играше како позајмен играч во Катар за клубот Али Духаил, а од 2024 година беше позајмен на Васко да Гама.
На крај, летово клубот од неговиот роден град, од каде и започна како играч, успеа да го откупи договорот, што најверојатно значи дека Кутињо ќе ја заврши својата кариера таму каде што и започнал – во саканиот Васко да Гама.
Пред да се пресели во Ливерпул во 2012 година, Филипе Кутињо играше за Интер од Милано и Еспањол.