Дома Фудбал Останато Најпознатиот турски стрелец повторно блесна: Освои злато во свој стил!

Најпознатиот турски стрелец повторно блесна: Освои злато во свој стил!

Дали се сеќавате на турскиот стрелец Јусуф Дикец? Потсетуваме дека тој стана сензација на минатогодишните Олимписки игри во Париз.

Тогаш, во дисциплината воздушен пиштол за мешани парови на десет метри, освои сребрен медал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дикец стекна популарност откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се натпреварува на невообичаено опуштен начин, без стандардната опрема за овој спорт и со една рака во џебот.

Во последно време повторно се најде на насловните страници на светските медиуми, кога ја предводеше Турција до победа и освојување на златниот медал на Европската лига на шампиони во воздушно оружје, која се одржа во Истанбул.

“Освојувањето на злато овде е неверојатно чувство и совршена е подготовка за Светското првенство во Каиро, овој ноември,” изјави Дикеч по натпреварот.

Да потсетиме, за турските медиуми минатата година тој објасни зошто не ја користи целата опрема што ја носат останатите натпреварувачи.

“Никогаш не сум користел опрема. Кога одевме на натпревари, судиите понекогаш не прашуваа за опремата, а јас велев: ‘Не ја имам. Јас сум природен стрелец.’ Се разбира, и нив им беше смешно,” изјави 51-годишникот за Хабер Тјурк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за човекот кој го купи костумот на Јута Лердам – плати 195.000 евра, а сега дозна дека е измамен!

Кон крајот на февруари, анонимен купувач издвои неверојатни 195.000 евра за костимот кој н…