Дома Фудбал Човек да не поверува: Денес најдобриот стрелец на Арсенал некогаш играше стопер во Борусија!

Човек да не поверува: Денес најдобриот стрелец на Арсенал некогаш играше стопер во Борусија!

Еволуцијата на фудбалот понекогаш носи неочекувани и генијални потези од страна на тренери. Таков пример е и трансформацијата на Микел Мерино.

Шпанскиот фудбалер и ѕвездата на Арсенал, Микел Мерино, денес е врвен напаѓач, што е плод на визијата на Микел Артета. Тренерот, искусно проценувајќи ги способностите на своите играчи, му даде нова улога поради проблемите со повреди на клучните напаѓачи, особено на Габриел Жесус.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Можеби е потешко да се поверува, но Микел Мерино е најдобар стрелец на Арсенал во 2025 година. Со 13 голови во календарската година, тој е на врвот меѓу сите играчи на Микел Артета.

Коментари