
Во првото полуфинале на Австралијан опен шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да го надмине Александер Зверев со 6:4, 7:6(5), 6:7(2) 6:7 (4) и 7:6 по голема драма.
Грчеви и мачнина му предизвикуваа проблеми на Алкараз од третиот сет, со што тој некако успеа да се справи, а на спротивната страна имаше противник во Германецот кој очигледно имаше ментална блокада кога тоа беше најпотребно; сервираше за влез во финалето во петтиот сет, но не успеа да го искористи тоа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мечот траеше 5 часа и 27 минути.
Во финалето Шпанецот ќе игра против победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Јаник Синер.