
Легендарниот атлетичар од Јамајка, Усеин Болт, денеска го посети Белград, откако прифати да биде амбасадор на EXPO 2027, најбрзиот човек во историјата.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно потврди дека повеќекратниот олимписки шампион ќе биде еден од промоторите на специјализираната изложба EXPO 2027, која ќе се одржи во Белград и истакна дека тоа претставува голем успех за Србија.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
“Бренд амбасадор на EXPO 2027 е Усеин Болт, најбрзиот човек досега, човек за кого ограничувања не постојат. Не можам да опишам колку сум среќен што можам да го пречекам во Србија. Не сум сигурен дека некој ќе може некогаш да трча побрзо, тој е најбрзиот и најдоброто досега. Му благодарам што е денес со нас и се надевам дека ќе го гледам често во Белград. Сакаме EXPO да биде најголемото случување на светот и 2027 година играта и музиката во Србија да бидат најголемото случување на светот. Досега потврдивме учество на 115 земји од сите континенти, а очекуваме над 135 земји, за да ги срушиме сите рекорди и да бидеме убедливо најдобрите на сите времиња и да сме тешко достижни, исто како што е тешко да се достигне Болт”, изјави Вучиќ.
Болт има освоено осум златни медали на Олимписките игри од 2008 до 2016 година и триумфираше 11 пати на светските првенства од 2009 до 2015 година.
“Сите протоколи ги испочитувавме. Сакам да се заблагодарам на премиерот и на луѓето од Србија што направија да бидам амбасадор на EXPO. За мене е голема чест. Имам пријатели од вашата земја, за мене ова е голема чест и возбуден сум што ќе можам да го претставувам EXPO пред целиот свет,” порача Болт.
Да потсетиме, зад името на Болт стојат неверојатни светски рекорди – 9,58 (100 метри), 19,19 (200 метри) и 36,84 (4×100 метри).
Првите два рекорда ги постави во Берлин, 2009 година на 12-тото светско првенство, а третиот во 2012 година на 30-тите Олимписки игри во Лондон.
Фото: Инстаграм