Дома Фудбал Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тотенхем, донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Откупните клаузули се сè почести во модерниот фудбал и често се поставени над вистинската вредност на фудбалерите во моментот на потпишување на договорот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, во случајот на Антоан Семењо, 75 милиони евра за кои може да биде потпишан во првите десет дена од јануари се чини како одлична зделка.

Играчот на Борнмут, кој има 25 години, игра многу добро и на десната и на левата страна од теренот, а само Ерлинг Халанд и Игор Тиаго, обајцата напаѓачи, оваа сезона го надминаа крилниот напаѓач во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем се тимовите што веднаш започнаа вистинска борба за потписот на овој извонреден фудбалер.

Сепак, како што тврдат Англичаните, Семењо го направи својот избор и него од јануари треба да го гледаме во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нови лица на „радарот“ – тргна по Италијанци од Премиер лигата

Сите во Торино се свесни дека нешто во Јувентус мора да се менува, а веќе челниците на „Ст…