Дома Фудбал Најавен голем ремонт во Реал Мадрид, први ќе заминат – Модриќ и Васкез

Најавен голем ремонт во Реал Мадрид, први ќе заминат – Модриќ и Васкез

По неочекуваната елиминација од Арсенал во Лигата на шампионите, шпанските медиуми интензивно пишуваат за можна „чистка“ во редовите на Реал Мадрид.

Според информациите од Мадрид, Перез е подготвен да преземе радикални чекори уште следната недела, со цел целосно да го редефинира тимот и да го врати на победничките патеки.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се очекува тренерот Карло Анчелоти да го напушти кормилото на тимот, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Чаби Алонсо – актуелниот стратег на Баер Леверкузен, кој зад себе има фантастична сезона. Во јавноста се појавија и шпекулации околу можноста Јирген Клоп, кој неодамна се раздели со Ливерпул, да ја преземе клупата на „Лос Бланкос“.

Покрај промените на клупата, најавени се и значајни резови во играчкиот кадар. Според извори блиски до клубот, Лука Модриќ нема да добие продолжување на договорот и ќе се раздели со Реал по долгогодишната успешна ера. Исто сценарио се очекува и за Лукас Васкез, кој исто така е на излезна врата.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…