Кристијано Роналдo е избран за најдобар играч на Блискиот исток, а српскиот репрезентативец Александар Митровиќ смета дека таквата одлука е неправедна.
Португалецот не освои ниту еден трофеј со Ал Наср, додека Александар Митровиќ освои три.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Инаку, дури и Кристијано Роналдо не постигна значително подобри бројки од Србинот. Во 2024 година, Роналдо постигна 43 гола и додаде седум асистенции, додека Митровиќ погоди 42 пати, асистираше уште пет и како што кажавме, освои три најважни трофеи.
„Малку е разочарувачки ако се земе предвид дека ги освоивме сите можни трофеи во Саудиска Арабија, сите знаеме како стојат работите кога станува збор за вакви награди“, рече Митровиќ.
На социјалните мрежи исто така кружат коментари дека на Роналдо му е „на сила“ доделена оваа награда и дека Митровиќ бил најдобриот играч на Блискиот исток во 2024 година.
Ако е за утеха на Митар и друштвото во Ал Хилал и оваа сезона се поблиску до титулата, бидејќи се второпласирани со 34 поени, Ал Итихад има 36, додека Ал Наср веќе заостанува со 25.