
Фудбалската репрезентација на Германија доживеа пораз од Словачка во Братислава со резултат 2:0 во првиот натпревар од Групата А за квалификациите на Светското првенство 2026 година.
Словачка обезбеди водство преку голот на Давид Ханчко во 42. минута, а потоа во 55. минута истиот играч му асистираше на Давид Стрелец за вториот погодок.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Панцерите” на изненадувачки начин ги започнаа квалификациите за Светското првенство, а својот гнев поради слабата игра на некои играчи не го сокри ни селекторот Јулијан Нагелсман, кој е отворено критичен за учинокот на својот тим во Братислава.
“Овие се нашите најдобри играчи во Германија, освен двајца-тројца кои се повредени. Можеби следниот пат ќе треба да ги повикам оние со помали квалитети, но кои ќе се борат со сиот дух на теренот,” нагласи младиот стратег на кормилото на “елфот”.
Германската репрезентација ќе има шанса да го подобри впечатокот на 7 септември во Келн, кога од 20:45 часот ќе ја угости селекцијата на Северна Ирска.
☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷