
Легендарниот Бразилец Роберто Карлос денес беше подложен на операција поради кардиоваскуларни компликации.
Бразилските медиуми објавија дека Карлос почувствувал непријатност и веднаш се консултирал со лекари, по што бил хоспитализиран и опериран во постапка која траела три часа. Лекарите откриле тромб во ногата, а дополнителните испитувања откриле и аномалија на срцето, што ја направило хируршката интервенција неизбежна.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако деталите не се откриени, повеќе извори тврдат дека неговата состојба е стабилна и дека е надвор од животна опасност.
Карлос ќе остане в болница во Сао Паоло и наредните денови ќе биде подложен на дополнителни медицински испитувања.
Во текот на својата кариера, Карлос играше за Палмеирас, Интер, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс, Анжи и Делхи, додека за бразилската репрезентација настапуваше во 125 натпревари од 1992 до 2006 година.