Дома Фудбал На повидок пресврт во ситуацијата на Јовиќ во Милан!

На повидок пресврт во ситуацијата на Јовиќ во Милан!

Лука Јовиќ конечно почна да игра подобро, по тој натпревар против Австрија, кога ја обезбеди опстанокот во “А” Лигата на нации со Србија, заигра добро и за Милан каде што постигна израмнувачки гол против Фиорентина.

Српскиот фудбалер така привлече внимание и од „Газета“, која денеска пишуваше за него и за потенцијалното останување во Милано.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, Милан има опција да му го продолжи договорот на Јовиќ за уште една година, што би можело да се искористи доколку српскиот напаѓач продолжи со добрата игра.

Од друга страна, турските медиуми исто така денеска пишуваа за Јовиќ.

Репрезентативецот на Србија е интересен за Бешикташ и Трабзон, а неговиот трансфер наводно го договара Душко Тошиќ, кој исто така е негов менаџер.

Фото: AC Milan

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …