
Францускиот фудбалер Пол Погба ова лето се враќа на големата сцена откако му заврши суспензијата поради допинг, а појави се информација дека веќе се знае за кој клуб ќе потпише.
Погба веќе со месеци тренира напорно и е во исклучително добра физичка форма, и се појави информација дека навистина може да се врати на големата сцена и дека е во преговори со еден клуб од Франција.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Станува збор за Монако на кој Погба му се понудил сам и преговорите веќе се во тек, а „Ле Паризиен“ истакнува дека во Кнежевството сè повеќе се наоѓаат блиску до одлуката да му дадат шанса на поранешниот репрезентативец на Франција.
Тие знаат дека станува збор за врвен играч и дека би добиле одлично засилување. Не е исклучено Погба дури да дојде на проба за да видат во каква е физичка состојба и доколку сè е во ред, ќе му доделат договор.
Во таков случај, Погба со Монако ќе потпише соработка на една година, која ќе биде продолжена ако искусниот играч ги исполни очекувањата.
Фото: Принтскрин