Дома Фудбал На повидок изненадување: Бензема се враќа во Реал Мадрид?!

На повидок изненадување: Бензема се враќа во Реал Мадрид?!

Францускиот напаѓач Карим Бензема (36) наводно размислува за прекин на играчката кариера, неочекувана информација која денеска доаѓа од Саудиска Арабија.

Еден од најдобрите напаѓачи на 21-виот век веќе извесно време настапува за Ал-Итихад, а оваа сезона игра многу добро.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Постигна 10 голови во исто толку натпревари во првенството иако имаше многу промени откако премина од Реал Мадрид во Ал-Итихад.

Се случија тренерски промени, Бензема физички повеќе не е во најдобрата форма, но далеку од тоа дека сè уште не може да игра.

Бензема поради тоа размислува за пензија, пренесува шпанскиот Relevo, а веќе би имал нов ангажман во Реал Мадрид.

Бензема би станал амбасадор на Реал, како многу други легенди на овој мадридски клуб за кој играше од 2009 до 2023 година.

Кариерата ја започна во Лион, а за француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Иако не е ниту крај на октомври, Баерн Минхен сфати дека Николас Џексон не е паметна инвес…