Дома Фудбал На повидок големо изненадување: Мурињо може да стане селектор и тоа на клупата која најмногу ја посакува!

На повидок големо изненадување: Мурињо може да стане селектор и тоа на клупата која најмногу ја посакува!

Жозе Мурињо може да очекува понуда да ја преземе португалската фудбалска репрезентација по завршувањето на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Според навестувањата на португалската фудбалска федерација (ФПФ), актуелниот тренер на Бенфика се разгледува за таа улога по истекувањето на договорот на сегашниот селектор Роберто Мартинез на крајот од турнирот, објави Goal.com.

Мурињо во септември се врати во Бенфика по вторпат, потпишувајќи двогодишен договор. Сепак, според ЕСПН, португалскиот сојуз ќе се обиде да го ангажира 63-годишниот стратег како селектор по заминувањето на Мартинез. Во таков случај, Рубен Аморим, кој неодамна го напушти Манчестер Јунајтед и кој има деветгодишна играчка кариера во клубот, би можел да биде најсериозниот кандидат за наследник на Мурињо во Бенфика. Аморим е високо ценет во Португалија за своите трофејни периоди со Спортинг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мурињо уште во јануари минатата година, додека беше шеф на Фенербахче, искажа интерес за работа во национален фудбал. “Сакам да предводам тим на Европско или Светско првенство и да ја обединам нацијата, како што тоа го направив во клубовите,” изјави тогаш за Corriere Dello Sport. “Сакам да го разбудам фудбалот и духот што го носи. Би било неверојатно.”

Во август, коментирајќи ги гласините за поврзувањата со Бразил, прецизира дека Португалија е на прво место за него. “Кога се работи за репрезентации, мојата цел е да го водам тимот на Португалија на Светскиот куп. Никогаш не сум размислувал за клупата на Бразил. Моето прво вакво искуство мора да биде со Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш доминира во Англија – има најголем број создадени шанси

Бруно Фернандеш е апсолутниот лидер по креирани шанси во Премиер лигата оваа сезона. Плејм…