
Рајан Гигс (51), легендарниот играч на велшката репрезентација и Манчестер Јунајтед, се наоѓа во големи финансиски проблеми. Уште во 2014 година купи познат ресторан George’s Dining Room and Bar, но поради натрупани долгови од над половина милион евра замина во стечај. Тој изгуби над 100 илјади евра, но не е единствениот што е најпогоден од деловниот неуспех.
Многу вработени кои работеа во ресторанот добија откази без да им бидат исплатени платите, а Гигс им остана должен над 30 илјади евра. Кога донесе одлука да го затвори ресторанот кој акумулираше добивки, вработените добија само порака во која се објаснува дека тоа мора да го направи “поради намален обем на трговија и зголемени трошоци.” Изрази жалење и ги уверува дека наскоро ќе бидат исплатени.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Неколку работници решија јавно да ја изнесат својата приказна. Еден од помошните готвачи даде изјава за The Sun во која опишува: “Сето тоа беше сосема неочекувано. Сите требаше денес да работиме, а кога ги добивме пораките, бевме запрепастени.”
Manchester Evening News разговараше со портпаролот на ресторанот, кој објасни дека имаат голем проблем со поклон ваучерите кои ќе останат неискористени. “Во моментов сме во процес на враќање на сите неискористени купени ваучери. Поголемиот дел веќе е вратен, а во наредните денови ќе ги контактираме оние кои уште не се исплатени”, посочи тој.