
Ливерпул се наоѓа во очајна форма оваа сезона, а потврда за тоа е и синоќешниот пораз на Енфилд од ПСВ (1:4) во меч од Лигата на шампионите. Англиските медиуми пишуваат дека синоќа беше одржан итен состанок на управата на клубот и дека е позната судбината на тренерот Арне Слот.
Медиумите во Англија известуваат дека синоќешниот состанок на Енфилд беше свикан итно и дека Слот беше главната тема на управата на клубот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Како што наведува „Телеграф“, му е дадена поддршка на Слот по синоќешниот дебакл од ПСВ, но му е поставен ултиматум да ги исправи работите во тимот, а доколку не успее, најверојатно ќе добие отказ.
Се наведува дека Слот има ултиматум за следните три натпревари, во кои Ливерпул нема право на грешка. Доколку сака да остане на Енфилд, тимот мора да освои максимални девет бода.