Дома Фудбал На „Енфилд“ пристигнува најдобриот Божиќен подарок!

На „Енфилд“ пристигнува најдобриот Божиќен подарок!

Фудбалскиот клуб Ливерпул преговара со своите клучни играчи за продолжување на договорите и сѐ оди во добра насока.

Како што откри Фабрицио Романо, Ибраима Конате веќе ги договорил повеќето клучни услови и остануваат ситни детали и официјално потпишување на новиот повеќегодишен договор.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Се разбира, големи проблеми се клучните играчи кои имаат договори само до лето, а тоа се – Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах. Но, Романо уверува дека сѐ оди во вистинската насока и неговото мислење е дека Ливерпул ќе успее да ги оствари своите намери и да ги задржи сите свои играчи.

“Ливерпул работи напорно и прави сѐ за да ги обнови договорите со сите клучни играчи и имаат добра шанса да успеат во тоа”, рече тој.

Очекувано, најтешки преговори се со Трент, кој на маса има понуда од Реал Мадрид, па затоа Ливерпул ја „зголемил“ својата понуда.

“Ливерпул му презентираше на Трент нов договор и тоа многу добар, така што преговорите продолжуваат”, додаде Романо.

Нема дилеми дека потписите со споменатите играчи би биле и најубавите Божиќни и новогодишни подароци за сите навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах објави слика од божиќна елка, па беше жестоко нападнат (Фото)

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание. Фудбалерот на Л…