Дома Фудбал На Чаби Алонсо не му се брза со Реал Мадрид: Можно е неочекувано сценарио

На Чаби Алонсо не му се брза со Реал Мадрид: Можно е неочекувано сценарио

Чаби Алонсо е означен како прва мета за замена на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, но во Леверкузен имаат поинакви планови.

Германскиот Билд открива дека управата на Баер веќе го планира летниот преоден рок со Чаби Алонсо и веруваат дека постои голема шанса Шпанецот да остане и покрај гласините за Реал Мадрид.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Билд тврди дека Алонсо и неговото семејство се чувствуваат многу добро во Германија и дека не им се брза да заминат од Леверкузен, додека ни на Шпанецот не му се брза, бидејќи е на почетокот од својата тренерска кариера. 

Алонсо минатата сезона донесе историски двоен успех, оваа сезона обезбеди пласман во осминафинале од Лигата на шампионите, па сè оди во добар правец.

За него е важно и тоа што клубот има амбиција да ги задржи најдобрите играчи, како Флоријан Вирц, и што најважните членови на тимот исто така не размислуваат за заминување. 

Во прилог на ова оди и фактот дека Карло Анчелоти има договор до летото 2026 година и дека само во случај да не освои ниту еден трофеј оваа сезона, Флорентино Перез ќе ја разгледа неговата смена. 

Реал Мадрид моментално е лидер во Ла Лига, во Лигата на шампионите се среќава со Манчестер Сити во битката за осминафинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aртета на еден фудбалер на Арсенал му забранил да влегува во соблекувалната, не смее да биде таму ниту за натпреварите

Арсенал не доведе напаѓач и тоа е голем проблем за клубот кој остана без Жезус поради повр…