Дома Фудбал На барање на Мареска: Челзи го врати дефанзивецот кој го пушти на позајмица

На барање на Мареска: Челзи го врати дефанзивецот кој го пушти на позајмица

Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да ја активира клаузулата и да го врати Тревој Чалоба од Кристал Палас.

Поради бројни проблеми во одбраната, Енцо Мареска побара од управата на клубот да го врати Чалоба од соседството.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Чалоба кон крајот на летниот трансфер период премина на позајмица во Кристал Палас, но Челзи ја задржа опцијата да го врати во текот на сезоната, што сега и го направи.

Чалоба ќе биде важно решение во ротацијата, откако Весли Фофана доби нова тешка повреда, надвор се и Беноа Бадијашил, додека Аксел Дисаси е на излезната врата на “Стемфорд Бриџ” оваа зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума обвинет дека го наместил мечот против Реал, но зад ова стои нешто сосема друго (Видео)

Ноќ за заборав во Лигата на шампиони имаше и Џанлуиџи Донарума. Славниот голман на Манчест…